На 05. 01. 2014, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше света Божествена Литургија во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“, на Попова Шапка, во сослужение со повеќемина свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со светите Божествени тајни. На Литургијата присуствуваше Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и сопругата на Претседателот, г-ѓа Маја Иванова, а богослужбата беше збогатена со пеењето на хорот „Менада“ од Тетово, под диригентската палка на г. Ивица Зориќ.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија