Почитувани ..,се приближува великиот и светол празник Рождество Христово, затоа вие кои во срцето го носите споменот за Божикните настани, вие кои во срцето ја чувате пештерата на Христовото рагање, и оваа година отворете ги своите порти за да го примите Богочовекот, Младенецот Христос. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e eдна тeмна пeштeра, eдинствeнo Oн e Toj koj мoжe да ја oсвeтли.
Со голема љубов ве повикуваме да земете активно учество во пеење бадникови песни со кои се објавува Рождеството Христово, посебно ги повикуваме помладите, децата со нивните родители, баби дедовци, роднини, пријатели да ни се придружат во храмот на Пресвета Богородица, во Скопје, во 11 часот на ден 06.01.2014 год., од каде ке започне Бадниково Божикно движење, со пеење бадникови песни, со пештерата во која ке се роди Богочовекот Христос, со икони и секако коледарски торбичиња во кои секој учесник ке ја добие својата награда за објавувањето на РАДОСНАТА ВЕСТ. Бадниково Божикно движење ќе отпочне од храмот Пресвета Богородица низ градскиот плоштад, до Соборниот храм, Св.Климент Охридски.
Веќе две години по ред, жителите на Кадино село, со поддршка на градоначалникот на општината, бадниковото славење со пеење на бадникови песни, ќе го направат повторно и оваа година со цел да се продолжи со традицијата, секако со продолжување на славењето во 11 часот во храмот посветен на Пресвета Богородица, во Скопје и веќе објавеното Барниково Божикно движење.
ПОВЕЛЕТЕ ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ЗАЕДНИЧКОТО БАДНИКОВО СЛАВЕЊЕ, ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО БЛАГОВЕСТИМЕ РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО.
Во организација на група верници од МПЦ-ОА
4-ти јануари, лето Господово 2014