Маркова Сушица, 29.12.2013 год.- Марков манастир
На 29-ти декемви 2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот пророк Агеј и свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски, во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Маркова Сушица, јеромонахот Атанасиј Арсоски одслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
- Старечник
- Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“. Го прашле авва Исаија: „Што е озборувањето?“ А тој одговорил: „Непознание на славата Божја и завист кон ближниот.“
По Литургијата
Преминпортал (к.т.)