МПЦ одобри користење Фејсбук
И покрај реакциите на дел од Синодот, денеска на последната годинешна синодска седница на Македонската православна црква било решено дека е дозволена комуникацијата, иако со ограничувања за начинот на користење на социјалните мрежи.
Владиците сепак ќе може да го користат Фејсбук за да комуницираат со верниците. И покрај реакциите на дел од Синодот, денеска на последната годинешна синодска седница на Македонската православна црква било решено дека е дозволена комуникацијата, иако со ограничувања за начинот на користење на социјалните мрежи.
Можноста да користат Фејсбук на владиците нема да им биде укината. Вака одлучил Синодот на денешната инаку последна седница за оваа година, откако во јавноста се појавија лавина реакции. Во иднина ќе бидат дефинирани начините како, за кои теми и во кои прилики да се користи оваа социјална мрежа. Инаку иницијатор за тоа владиците на МПЦ да не ја користат социјалната мрежа Фејсбук беше владиката Петар.
Вообичаено за последните седници на Синодот, и на оваа бил направен рекапитулар на сите синодски одлуки, информира отец Климент. Околу активностите за признавање на автокефалијата на МПЦ, отец Климент не негира дека се одвива тајна дипломатија.
Не станало збор за Австралиско-новозеландската епархија, и дали европскиот епископ Пимен ќе раководи со црковните општини што се под јуриздикција на МПЦ.
Извор: Канал 5
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=25362