Охрид, 25.11. 2013 год.
На 25 -ми ноември 2013 година, редакцијата на Преминпортал беше во посета на Црквите и митрополијата во Охрид, каде што со секретарот на митрополијата отец Никола Христовски, направи кратко интервју за тековното издаваштвото на епархијата.
Отецот не информира дека оваа година се издадени следните книги: „Евхаристија“ од Кипријан Керн, беседи на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – „Плаошки мироглед“, од старец Пајсиј Светогорец „Духовна борба“ – III том , Статии на Велики петок, Авторска монографија на Пречиста, реиздание на Православен молитвеник. А наскоро се очекува да излезе од печат и годишниот Алманах на епархијата.
Се подготвува и превод на о. Александар Шмеман, како и Зборник од научен собир по повод 140 г. од упокојувањето на Дичо Зограф. На пролетниот Саем на книгата 2014, Дебарско - кичевската епархија ќе ги презентира изданијата.
Вечното почивалиште на македонски писател и значаен претсавник на македонската литература од XIX век, Григор Прличев.
„Овој генијален литерат според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.“
Преминпортал (з.д/к.т.)
Друго:
Од издавачката дејност на Дебарско - кичевската епархија (28.11.2013)