Донација за 200 цркви во Грузија (18.11.2013 16:33)
Преку добротворен проект на Државната нафтена компанија на Републија Азербејџан (SOCAR), околу двесте цркви во Грузија добиваат бесплатен гас. Се проценува дека донацијата вреди 600 илјади американски долари, а истата следува по состанокот меѓу неговата Светост, Патријархот-Католикос Илија II и претседателот на SOCAR, г. Ровнаг Абдулајев. Доставувањето на бесплатниот гас започна во овој месец.
Неколку месеци претходно, истата компанија овозможи бесплатно снадбдување со гас за сите верски објекти (цркви, џамии и синагоги) на територијата на Република Азерберјџан.
Грузиската Православна Црква има привилегиран статус во однос на другите верски заедници во Грузија, поради нејзината улога во градењето и одржувањето на грузискиот идентитет и народ. Сите други верски заедници се обврзани да се регистрираат како граѓански здруженија. Според измените во легислативата од 2002 година, на Црквата ѝ се врати имотот запленет преку експропријацијата.
Извор: sgp.ge
Преземено од: МПЦ-ОА