Скопје, 15-ти ноеомври 2013 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Старец Ефрем Катунакиотски
Послушанието ќе ги донесе сите дарови. Послушанието ќе ја донесе благодатта Божја. И најмалата непослушност кон Старецот ја одгонува божествената благодат. Сите страсти постепено биваат исцелени со помош на послушанието. Не спасува ниту свештеничкиот чин, ниту постот, ниту пак подвигот. Спасува само послушанието. Послушанието чини чуда. Послушанието е смирение. Поради послушанието Бог му го дава на човекот дарот на молитвата. Молитвата е последица на послушанието. Кога си во послушание ќе ја најдеш и молитвата, ќе го најдеш и богословието. Кога немаш послушание, нема да најдеш ништо. Па и да имаш нешто, и тоа ќе го загубиш. Послушанието е извор на молитвата. А молитвата е извор на благодатта, на дарот на солзите, на божественото просветлување, на топлата и божествена ревност.
На 15-ти ноеомври 2013 година, во дваесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив , во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, се отлужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестија со Светите Христови Тајни. По Литургијата се направи мал петочен водосвет.
Преминпортал (к.т.)