логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

 Konfucie.promo1.jpg

Скопје, 14.11. 201 3 год-

Промоција на книгата „Изреченија со големото учење и учењето за средишноста“ од Конфуциј

 Konfucie.promo1.jpg

 Konfucie.promo1.jpg

 Konfucie.promo1.jpg

Книгата „Изреченија со големото учење и учењето за средишноста“ од Конфуциј, во превод на магистерот по кинески јазик, Игор Радев, е прво дело од оваа природа, исклучително по својот квалитет. По неговата книга „За Патот и неговата крепост“ таа претставува диретен превод од старокинески јазик, со исцрпни историски и текстолошки коментари кои ја објаснуваат смислата на Конфуциевото учење. По зборовите на самиот автор, книгата повеќе претставува една синтеза на етиката и политиката, отколку философија. „Според Конфуциј, законите се сосема небитни во водењето на државата. Секој закон е попуст, мртво слово на акција, доколку оние, од кои што се очекува да ги спроведуваат законите, немаат стекнато соодветни доблести. А, Конфуциј оди и подалеку: Ако тие доблести се стекнати, тогаш нема ни потреба од закони“.
На промоцијата зедоа збор др. Денг Ши’чжонг, кинески декан на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р. Бранислав Саркањац, македонски декан на Институтот, и проф. Цуј Џјунхонг, и уредникот на издавачката куќа Макавеи, во актерска придружба на Томе Витанов
Ќе наведеме и некои избрани цитати од горенаведената книга.

   Konfucie.promo1.jpg

 Konfucie.promo1.jpg

 Значи, узнавме дека целта на човечките настојувања Конфуциј ја гледа во стекнувањето на доблеста (___ те), пред сè, човечноста (___ жен), преку обредоредието (___ ли). Меѓутоа, кој е методот со којшто оваа цел се остварува? За Конфуциј одговорот е недвосмислен – „учењето“(шјуé)! Да се разбереме, тука под „учење“ не се подразбира она што ние во денешно време ние го сфаќаме под овој поим, т. е., - усвојување и манипулација на податоци, со чија помош очекуваме да се здобиеме со некаква полза.

 

  • Смислата на учењето кај Конфуциј се определува, пред сè, како процес на морална преобразба, кој се изведува преку следење на културните образци, коишто се во согласност со Патот. Впрочем, јасно ни е ставено до знаење дека: „Подвизувањето во Патот се нарекува образование.“ (Учење за средишноста 1) Оттука, напредокот во учењето не може да се согледа просто во количината на стекнати знаења, туку во моралното воздејствие што тие знаења го постигнале врз личноста:

„Учителот рече: За благородниот човек, кој никогаш не јаде до заситеност, којшто не настојува на удобност ниту во сопствениот дом, а е бодар во работата и претпазлив во говорењето, та се дружи само со тие што го имаат Патот, исправајќи се така себеси, може да се каже дека е љубител на учењето“

  • Благородниот човек им помага на другите од себе да го извлечат најубавото, а не најгрдото. Ситнодушниот, пак, човек го прави спротивното.Благородниот човек има барања во однос на себеси, а ситнодушниот човек има барања само во однос на другите.Благородниот човек е со природа на ветер, а ситнодушниот човек е со природа на трева. Кога ветрот ќе дувне, тревата неизоставно ќе му се повинува.

 

 Konfucie.promo1.jpg

   Konfucie.promo1.jpg

   Konfucie.promo1.jpg

 

  •   Преминпортал (з.д/к.т.)

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

13/01/2025 - понеделник

Преподобна Меланија Римјанка; Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски; Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните);
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Тропар на преподобна Меланија  31 декември / 13 јануари 2025

Тропар на преподобна Меланија 31 декември / 13 јануари 2025

Земното богатство раздавајќи го,на небесата вечни блага си стекнала,мудро си тргувала,земниот обручник со Небесниот си го заменила,Мелание преподобна, моли се...

Тропар на светиот отец Теофилакт Охридски  31 декември / 13 јануари 2025

Тропар на светиот отец Теофилакт Охридски 31 декември / 13 јануари 2025

Мудроста од Бога подарена,како омофор се приви над разумот твој,Теофилакте пастиру Христов,паствата безметежно пасејќи ја, се здоби со награда за...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная