На 08.11.2013 кога Православната црква го прославува светиот великомаченик Димитриј Солунски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската православна епархија отслужи Божествена Литургија во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ близу Скопје. Пред Литургијата во чин чтец беше потстрижан Мирослав Бошковски, а на Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен завршениот богослов Марко Здравевски.
http://www.spe.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=835:2013-11-07-12-14-53&catid=36:novosti&Itemid=2