Ава Дионисиј Игњат е познат романски старец и православен подвижник. Живееше до неодамна на Света Гора во манастирот Ватопед. Неговите мисли и поуки се едноставни и отрезнувачки. Го сметаат за свет човек.
Прашање: Високопреподобен Старче, која е смислата на нашиот живот на овој свет?
Одговор: Единствена смисла и целтта на на нашиот земен живот е да се
спасиме, да се здобиеме со Царството Небесно. Нашиот Господ Исус Христос
не учи: Бидете совршени као што е совршен вашиот Отец небесен. ( Мт.
5,48).
За време на животот на земјата, со помош на благодатта Божја и нашите
добри, христијански дела можеме да ја достигнеме светоста. А ако, заради
недостаток на добродетели не можеме да ја достигнеме светоста, потребно
е да тежнееме кон рајските населби. Невозможно е истовремено да бидеш
добар христијанин и да живееш во грев. Ако правиш грев , се оддалечуваш
од благодатта Божја и се соединуваш со нечестивиот.
Така, се одалечуваш од Црквата, од Светите Тајни и од боговдахновеното
учење на Црквата само за да ги задоволиш своите страсти, кои нечестивиот
ти ги посеал во срцето.
Не треба човекот да ги следи своите страсти. Затоа Црквата пее: Од
младоста моја ѓаволот ме искушува...Затоа и во Светото Писмо пишува: Не
лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела и
облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној,
Кој го создал. (Кол. 3, 9-10).
Зашто, ако сме од стариот човек, тогаш сме робови на страстите и гревот.
П: Какво е учењето на светите отци за духот човечки и духот демонски?
О: Човечкиот дух станува демонски (дух) т.е. станува демонизиран преку
гревот. Преку нашите видливи и невидливи движења и мисли, ѓаволот го сее
семето на секое зло во нашето срце. Ако човекот го прифати семето на
злото во срцето, тоа ќе почне да расте.
Ако (човекот) не е трезвен и ако не го отфрли и не го очисти срцето свое
со благодатта на Светиот Дух и со секое добро дело, а особено со
молитвата, со постот, исповедањето и Причестувањето, тоа ќе се вкорени и
ќе почне да расте.
И од тој момент ѓаволот заминува од човекот, зашто е сигурен дека тој ќе
го следи и ќе живее според своите страсти не плашејќи се од никакво
зло.
Подготви: Мина Данаиловска
7- ми ноември, лето господово 2013