На 3- ти ноември 2013 година, во деветнаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на преподобен Иларион Велики и преподобен Иларион Мегленски , во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, отец Душково во својата беседа обрна внимание и направи повеќе забелешки на нашиот однос кон Бога.Тој укажа низ прмери,како треба да ја почитуваме неделата како ден во кој ќе го прославуваме Бог, а не да ги задодолуваме своите земни, тековни потреби, потоа укажа и на правилниот однос кон дарувањето, од кое ни во кој случај не треба да очекуваме интерес. По читањето на житието на денешниот светител, упати честитки за именденот на Владиката Иларион, како и на новоустоличениот Владика Тетовско- гостиварски Јосиф.
Преминпортал (к.т.)