Ништо од човечкото тело не е толку интимно како лицето. Ние често
мислиме на други делови од нашето тело кога кажуваме „интимни“, но
нашето лице е тоа што открива најмногу за нас. Лицето е тоа што бараме
да го гледаме за да видиме што сакаат другите да кажат, па дури и за тоа
кои се тие. Важноста на лицето (ликот) повеќекратно е потцртана во
Светото Писмо. Во Стариот Завет често го среќаваме изразот за тоа како
се сретнуваме еден со друг – и ретко – со Самиот Бог – „лице во лице“.
Во Новиот Завет, ап. Павле го користи јазикот на ликот за да го објасни нашето преобразување во образот Христов.
Светите икони се несомнено најобилното изразување на „теологијата на
лицето“, и можеби едни од најдлабоките влогови на Православието во
светот и прогласување на тоа што значи да се биде човек. Секој светител,
од најмалиот – до најголемиот, ги разделува истите атрибути како
Христос на неговата икона. Ги гледаме сите, лице во лице. Во иконите
ниту еден лик, никогаш не е прикажан во профил – со два исклучоци – Јуда
Искариот и демоните. Зашто гледајќи го лицето, ние го сретнуваме некого
како личност. Нашиот грев е тоа што нè оттурнува од лицето на другиот –
нашиот напор да се направиме поинаку или помалку личносни. Тоа е
манифестирање на нашето заминување од Бога.