Соблазни од успесите на неверните
Честопати верниците се соблазнети од успесите на безбожните и неверните. Навистина, погледнувајќи околу нас гледаме дека Бога, според човечката логика, мошне неправедно ги дарува Неговите блага. Онаму кадешто би требало да даде радост, Тој дарува жалости. Кадешто би требало да дарува богатство, Тој дарува беда, а таму кадешто би требало да даде беди, Тој дава богатства. Кога од Него го очекуваме Неговиот благослов, тој ни задава тежок удар, истовремено одржувајќи ја насмевката на лицата на другите околу нас. Користејќи го современиот јазик, би рекле дека Бог секогаш дискриминира, и сме соблазнети од ова. Зошто?
Едноставно затоа што нашите срца се насочени кон сите овие нешта, се заробени од нив, ги сакаат нив, тагуваат по нив. Излезот од оваа катастрофа треба да се бара на друго место. Ние не треба да го бараме отстранувањето од оваа наводна дискриминација, наводна неправда. Промената треба да се случи во нас. Мора да станеме целосни странци пред сè човечко, пред човечката логика и човечката мисла, пред сè што е „добро“ (за нас). Мора сè да презреме. Кога ќе се оддалечиме од сè, тогаш Бог ќе може да биде сè за нас, оти само Бог ќе остане со нас. А ова ќе ни донесе длабок мир одвнатре. Инаку, сè додека во нашите срца имаме нешто овоземно, треба да знаеме дека постојано ќе бидеме измачувани.
старец Емилијан Симонопетриски
Друго:
- Старец Емилијан Симонопетриски- Дали Го примивте Светиот Дух (1)
-
✣✤✣
Дали Го примивте Светиот Дух ✤ II делИзвор: Бигорски манастир