Апел од страна на архиепископ Selwanos Boutros
за безбедноста на христијаните во Saddadи Homs во Сирија
27 октомври 2013
До сите меѓународни, хуманитарни и верски организации и институции и до сите кои имаат хуманитарна улога во светот, до сите луѓе со добри намери во светот.
Ве повикувам денес од името на сите невини луѓе, вклучувајќи и старци, жени, деца, момчиња и девојки, заробени во областите во Saddad и Alhafar каде немаме пристап и од каде тие не можат да избегаат. Апелирам до оние групи коишто им забрануваат да ги напуштат областите под опсада и молиме да преговараме за нивна евакуација на безбеден начин, така што да не бидат повредени. Бараме да им дозволите да се префрлат во правец на Derattiah или Homs, каде што ќе очекуваме да ги прифатиме.
Ги молам сите што можат да имаат влијание врз светските организации и што ги познаваат суштинските точки за дијалог со нив да придонесат кон ова дело и побраат евакуација без никаква повреда. Напомнуваме дека тие не страдаат се уште, но немаат струја, вода, телефонска линија, имаат сосема малку храна и се придружени од многу мали бебиња на кои им е потребна посебна исхрана и нега, како и болни луѓе на кои им се потреби лекарства. Бројот на овие луѓе на коишто им е забрането да ја напуштат територијата е повеќе од три илјади и тие се под голем притисок, присилени да останат тука против нивната волја.
Се обидуваме да стапиме во контакт со сите организации и сите наши луѓе во светот да се координираат со нас на убав начин, без употреба на груби зборови, што би можеле да ја загрозат безбедноста на жителите таму.
И ви повторувам на убав начин за да не предизвикам спротивен ефект кај вашите семејства. Љубезно ве молам да го поставите овој апел на вашите сајтови, во весниците и медиумите и да стапите во контакт со оние што би можеле да играат позитвна улога во пронаоѓањето на вистинско решение за ослободување на нашите луѓе.
Ние од наша страна уште еднаш апелираме до тие групи во името на Бога да имаат милост кон нашите невини луѓе, кои немаат никаква вина за овој воен конфликт, да се однесуваат со нив добро и да ги пуштат надвор од опсадата без да ги повредат.
Го молиме Бога да им помогне со трпение, сила, надеж и храброст, здравје и добрина
Господи... Господи... Господи... не оставај ги сами...
Архиепископ Selwanos BoutrosAlnemeh
Архиепископија на Homs и Hama, Сириска православна црква на Антиохија и цел Исток.
Извор: theorthodoxchurch.info
Преземено од: Бигорски манастир