Матка, 20.10 2013 год.-
Манастир Успение на Пресвета Богородица на денот на Светиот маченик Полихрониј
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 27)
Рече Господ: „Не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено; давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“ И им кажа парабола: „Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама? Нема ученик поголем од својот учител; но секој, што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. И зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележуваш? Или, како можеш да му кажеш на својот брат: позволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. Оти, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод. Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште на своето срце изнесува лошо; оти, од преполнето срце зборува устата негова.“
Свети Максим Исповедник
Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни коишто според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови. А неразумниот, што не ја познал премудроста на Промислата Божја, грешејќи и бивајќи укоруван, гледа на Бога, или на ближните, како на причина за своите неволји
Преминпортал (к.т.)
20-ти октомври, лето Господово 2013