Скопје, 20.10.2013 год. - храм на св. Никола, н. Аеродором
Денес, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченици Сергеј и Вакх и светиот маченик Полихрониј, Неговото Високопреосвештенство, новозибраниот Митрополит Тетовско - Гостиварски г.Јосиф, благоволи да отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија, во параклисот посветен на светиот Николај во населба Аеродром. Тој во своето обраќање до верниот народ, духовно не подкрепи со својот благослов за заедничко пребивање во молитвите кон Нашиот Спасител Господ Исус Христос секогаш и секаде. Верниот народ и многуте дечиња се причестија со телото и крвта на Нашиот Спасител!
20-ти октомври, лето Господово 2013
За Преминпортал: Дара Бриндева