логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

IMG_3331
СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Слово изговорено на осветувањето и поставувањето на камен-темелникот за новиот храм„Свети Јован Крстител“ во Бутел – Скопје, на 12.10.2013 г.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

ДЕН ЗА РАДОСТ И ИСТОРИЈА

 

Еве, со Божји благослов и по молитвите на свети Јован Претечата и Крстител Господен, осветивме и поставивме камен темелник за православен храм во населбата Бутел. Откако го извршивме чинот ќе истакнам дека се исплатеше упорноста, се исплатеше трпението со кои настојувавме и очекувавме, за еве, конечно, да дочекаме да се отстранат сите пречки, да се исполнат сите услови, да се задоволат административните и сите други потребности кои со години го одлагаа почетокот на градбата на толку посакуваниот и потребен храм, и од ктиторот и од православните верници од оваа населба и од овој крај. И се покажа дека, ако е Божја волја – безуспешни ќе бидат сите противења и сите други пречки и побуди, поставувани и присутни кај најразлични страни и интереси. Ова го говорам за да потсетам дека ова место одамна беше предвидено за храм, но дури годинава се исполни времето,па еве денес осветивме и поставивме камен – темелник.

Затоа, овај ден, е ден за радост за православните христијани од оваа и за идните генерации, како и за оние кои починаа очекувајќи да се изгради храм во оваа населба. Овој ден е ден и за историја,зашто започнуваме дело што ќе ја продолжи вековната градителска традиција на нашиве простори. Денес започнуваме да градиме објект што ќе биде украс на овој дел од Скопје, започнуваме градба што ќе биде дом за сите богољубиви души и срца, започнуваме да градиме дом Божји – храм во чест и спомен на Претечата и Крстителот Господен.

А патронот свети Јован е исклучителна личност во спасоносното дело за човечкиот род. Тој е најголемиот роден од жена, тој е човекот кој се удостоил да Го крсти Господа Христа во водите на Јордан, и тој е човекот кој прв Го препознал Христа дека е Тој Спасителот на светот. Свети Јован бил човек со незамолчлива уста во одбрана на моралните вредности и поборник на постојаното покајание и подобрување на луѓето. Со својот подвиг и жртва постанал и останал идеал за сите генерации подвижници и богоугодници, и пример за богољубие и правдољубие. Неговите поуки и пораки и по дваесет векови се актуелни и потребни. Ете, во чест и спомен на таква личност и на таков светител, започнуваме да градиме храм.

А, всушност, секое градење на храм во Македонија е надградување, зашто и длабоки и древни се темелите на Црквата Христова по македонската земја. Во сите изминати 20 столетија постојано градиме како народ, градиме за Бога и Неговите светии. За тоа ни сведочат и Скупи, и Стоби, и Баргала, и Хераклеа, ни сведочат Плаошник,Свети Наум и Света Софија во Охрид, и манастирите во Вељуса, Курбиново, Горно Нерези, ни сведочат Света Богородица Перивлепта, Лесновскиот, Свети Никита, Марковиот и Андреевиот манастир, ни сведочат градбите изградени во времето на ропставата и туѓите владеење, градбите во преродбенскиот период, како и оние во втората половина на минатиот век и најново изградените и оние што сѐ уште се градат: и во Центар и во населбата Јане Сандански во Скопје, како и  во Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Кочани, Куманово и другите места ни сведочат дека се гради Црквата во Македонија со постојано градење и надградување. Гради нашиот православен народ, зашто длабоко во себе ја носи Црквата Христова, Го носи Бога.

Возљубени, секогаш, и во најтешките времиња и во најголемите немаштии, нашиот народ имал за Бога и за Него го давал најдоброто и најубавото што го имал, го давал зашто знаел дека давајќи и градејќи за Севишниот, дека и се вградува себеси во вечноста и во вечното единство со Бога. Но, и покрај сето свое богољубие и црквољубие, и покрај големото духовно и културно творештво и покрај сите цивилизациски вредности што ги создал, и покрај вековното постоење на организирана помесна Црква, како Црква Охридска и Македонска, по примерот на другите православни народи, како Црква од која се родија и израснаа покрај неа и некои од соседните помесни православни Цркви, ете, на таа наша Света Павлова и Климентова Црква, сѐ уште ѝ се оспорува и она што од Бога ѝ е дадено и она што на Бога сме Му Го дале и Му Го даваме.

Време е како православни народи да престанеме меѓусебно да се уништуваме и непризнаваме, да престанеме со омаловажувањата и навредите на едни кон други, какви што деновиве слушнавме кон нашата Света Црква,упатени од Ниш, во паушалниот и тенденциозен превод на говорот на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј, од преведувачот кому тоа, за жал, и не му е прв пат. И време е некои во Православието да се потсетат дека припаѓањето кон Христа се покажува,пред сѐ, со имање и покажување љубов кон другите, а не со навреди и омраза, или со создавање паралелна црква со платеници и криминалци. Време е да престанат со тоа дека, божем, во име на светите канони, можат безкрајно да практикуваат монопол и екслузивитет врз Православието. Очигледно, забораваат дека нашиот пат на возобновување на Црквата во Македонија не се разликува од оној по кој и тие и многу други ги создадоа или возобновија своите Цркви. Но, голем е Господ и во Него е сета наша надеж! А наше е да го чуваме Православието, да ја чуваме Црквата, да градиме нови и да ги обновуваме старите храмови и манастири, а другото да го оставиме на Бога и на Неговите светии...

Да продолжиме да бидеме народ кој во душата ќе го носи храмот Божји и Црквата Охридска и Македонска -  Црквата Божја и Христова, да бидеме народ богољубив и човекољубив, народ кој на злото ќе одговаро со добро, на омразата со љубов. А храмот е најголемата училница за добродетели! Во него се сретнуваме и соединуваме преку светата Причест со Бога, во него радоста станува поголема, а тагата помала; тука најдобро можеме да се поправаме и преобразуваме во доброто, да се утешуваме и успокојуваме, да се учиме на побожност и моралност, на љубов и добра волја...

Возљубени, по Божја милост и по молитвите на свети Јован, еве, избрана е прекрасна локација за идниот храм, изработен е велелепен проект, кој, веруваме, и брзо и квалитетно ќе биде реализиран. Но, како што неодамна во Подгорица, Неговата Светост Патријархот Руски г. Кирил рече, дека ни најубавата архитектура, ни најубавите фрески и икони не ја прават убавината на храмот, туку најголемата убавина на храмот ја прави народот. Само храм, украсен и исполнет со народ е убав храм. Па затоа, од денес па натаму, да бидеме со храмот, да го градиме и овде но и во себе, и да сме православни христијани не само по името туку по делата свои!

А на господинот Мите, вашиот сосед и познат стопанственик, Господ Бог, по молитвите на светите Јован и свети Димитрија и сите светии, да му даде здравје и да го помага во работата, да му даде сили да може да се посвети и на секојдневните обврски што ги има, како и на градбата на овој храм.

Нека ни е честит и благословен почетокот на градбата и, дај Боже, поскоро да се радуваме на неговото осветување!
 
Извор. Скопска епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная