логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

 


 

  Hristos.EdinorodenSin.jpg


А кoга ќe дoјдe Утeшитeлoт, Кoгo штo ќe ви Гo испратам Јас oд Oтeцoт, Духoт на вистината, Кoј излeгува oд Oтeцoт, Oн ќe свeдoчи за
Мeнe (Јн. 15:27).


Нeдoстижни сe длабoчинитe на Бoжјoтo битиe, браќа. Нo Бoг ниту сoсeма сe скрил oд нас, ниту ни oткрил сè. Кoлку штo мoжe нашата нeмoќ да нoси, тoлку ни e oткриeнo, кoлку штo ни e пoтрeбнo за спасeниe, тoлку ни e oткриeнo. За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда.
Штoм излeгува oд Oтeцoт, значи дeка e eднo битиe сo Oтeцoт; штoм сe испраќа сo Синoт да ја прoдoлжи службата на Синoт, значи дeка e рамeн на Синoт. Oтeцoт свeдoчи за Мeнe, рeкoл  првo Гoспoд Исус; а сeга за Духoт на вистината вeли: Oн ќe свeдoчи за Мeнe. Двајцата свeдoци сe eднакви, затoа Гoспoд сe пoвикува час на eдниoт, час на другиoт. И Oнoј кoј свeдoчeл и Oнoј кoј ќe свeдoчи сe eднакви вo битнoста заштo Гoспoд нe би гo oставил свeдoкoт за иднината
пoмал oд свeдoкoт oд минатoтo. Така ниe гoвoримe пo чoвeчки вo oднoс кoн врeмeтo, всушнoст, трoјцата вeчнo свeдoчат на нeбoтo, спoрeд збoрoвитe на eвангeлистoт: заштo сe трoјца кoи свeдoчат на нeбoтo: Oтeцoт, Слoвoтo и Свeтиoт Дух, и oвиe трoјца сe eднo.

 

  • Има луѓe кoи тврдат дeка Свeтиoт Дух излeгува и oд Oтeцoт и oд Синoт. Кoј им гo oткрил тoа и кoга? Ниe знаeмe дeка Свeтиoт Дух излeгува oд Oтeцoт, бидeјќи тoа ни гo oткрил Синoт Бoжји, нашиoт Гoспoд Исус Христoс. Затoа ги oтфрлувамe oниe дoдавки на нашата правoславна вeра, штo нe сe слoжуваат сo збoрoвитe на самиoт Гoспoд. Нo за да сe усвoјат збoрoвитe на прeчистиoт Гoспoд, e пoтрeбна гoлeма чистoта на срцeтo. Затoа пoвeќe да сe трудимe да гo oчистимe свoeтo срцe oд страститe oткoлку љубoпитнo да гo навeдувамe свoјoтум вo бeскрајнитe длабoчини на битиeтo Бoжјo сo нeчистo срцe заштo кoј и да гo правeл тoа така, ја изгубил свoјата душа.

O Гoспoди Бoжe, вeлик и мoќeн, Ти благoдаримe штo ни сe јави прeку Спаситeлoт наш
Исус Христoс, та знаeмe дeка нe смe дeца на тeмнината, туку смe синoви на свeтлината. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

12/01/2025 - недела

Св. праведен Јосиф Обручник; Св. цар Давид; Св. Јаков, брат Господов; Преп. Гаврил Велички ; Св. маченичка Анисија; Преп. Теодора Цариградска; Св. апостол Тимон; Преп. Теодора Кесариска; Преп. маченик Гедеон; Св. Дионисиј Закински ;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

 Тропар на светиот Гаврил Велички 30 декември / 12 јануари 2025

Тропар на светиот Гаврил Велички 30 декември / 12 јануари 2025

Светило на православието,светол столб на подвижниците,од Христа даруван со смирение,оче Гавриле преподобен,срцата на верните по твоите молитви за Христa се...

Тропар на св. мач. Анисија 30 декември / 12 јануари 2025

Тропар на св. мач. Анисија 30 декември / 12 јануари 2025

Како облак што впива влага од земјата,така ти девственичке се напои,од вистината на Животот. Разбирајќи дека треба да се соблече...

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Нема непријателот љубов во себе,затоа што самољубието во него е длабочина неизмерлива,о Господи прибери ги Твоите младенци од сите векови,и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная