Скопје, 06.10.2013 год- храм на св.Јован Крстител
На 6- ти октомври 2013 година, во петнаесеттата недела по Педестница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Собор на сите македонски Светители и Зачнувањето на Св. Јован Крстител, во храмот на св.Јован Крстите, во Скопје, отец Михаил Таневски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата отецот произнесе беседа во која го истолкува значењето на денешното Евангелие. Посочи на големината и значењето на двете Божји заповеди, на нашиот однос кон Господ Исус Христос.
авва Доротеј
Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме. И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’, а самиот нека го нагонува на љубов, чинејќи го само она што е достојно за неа.
Преминпортал (K.T.)
6-ти октомври, лето Господово 2013