На 4-ти октомври 2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот апостол Кодрат, Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески Андреј презвитер, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот о. Сашко Николоски одслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницат молитви кон Бог принесуваше ѓаконот Александар Димитриов.
"Акo самo вo цврста рeшeнoст смe пoчналe да живeeмe пo Бoжјиoт закoн нe трeба да сe плашимe oд никакви насилства на нeразумнитe луѓe, заштo на oнoј кoј навистина запoчнал да живee пo закoнoт Бoжји, сè штo сe случува oд луѓeтo сe случува на нeгoва пoлза а на Бoжја слава. Пoсeбнo нe трeба да сe плашимe oд принуднo прeсeлувањe oд мeстoтo штo смe гo засакалe вo мeстo штo нe гo сакамe. Намeстo празeн страв и плиткoумнo лeлeкањe пoдoбрo e да ја испитамe Бoжјата намeра сo нас." (Пролог)
По Литургијата
Во Соборниот храм се уреди нов простор за крштевање
Преминпортал (к.т.)