логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Прилеп, 22 септември 2013 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја денеска го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец.

Од владиките Петар, Климент и од отецот задолжен за манастирот Калист, претседателот Иванов беше запознат со сосотојбата во која сега се наоѓа, шест месеци по пожарот во кој изгореа конаците, со историјатот на манастирот и на црквата „Успение на пресвета Богородица“ кој датира од 13 и 14 век.

Со големи впечатоци за значењето на манастирот за нашата историја и она што го оставил низ вековите, претседателот Иванов по неговата прва посета на Трескавец, нагласи дека манастирот е сведоштво за минатите, сегашните и идни генерации.

- Ова е сведоштво за многу епохи, многу генерации кои овде наоѓале утеха, во овој амбиент каде што се себеосознавале. Сведоштвата за темелите и за фрескоживописот во манастирот укажуваат дека и во минатото имал слични непогоди. Меѓутоа, луѓето секогаш биле сплотени, солидарни, да се обнови да се изгради, изјави Иванов.

Одговорност на оваа генерација, кои сме сега свидетели на ова, потенцира тој, е повторно да ја покажеме нашата солидарност за идните поколенија да се сеќаваат на нашата хуманост, помош и на нашата верба во Бога.

Според владиката Петар, за обновата на Трескавец многу е битно што државата, конкретно Министерството за транспорт и врски го изгради патот долг 7,5 километри. Манастирот ќе се обновува во оригиналната верзија.

- Манастирот и досега страдал во пожар. Страдал и во 90-ите од минатиот век. По повеќе од 20 години, сега ќе се трудиме што е можно пооригинално да се реконструираат конаците и што побрзо. Многу е битно што се изгради патот, тоа ќе ја забрза обновата, материјалите побрзо ќе стигнуваат до манастирот, изјави владиката Петар.

Откако е изграден патот голем е бројот на посетителите на Трескавец.

- Ќе се трудиме како општина да направиме се за да му го вратиме сјајот на манастирот, изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп.

Инаку, денеска манастирот го посетија гости од Кавадарци, група од планинарско друштво, 11 члена група од Холандија кои првпат се во посета, а за манастирот прочитале на светски мапи.

Вчера и денеска во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ се одржани три крштевки, први откако изгореа конаците. И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го крсти своето дете денеска во манастирската црква. рм/цр/14:54


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная