Премин Портал

Кожувчанка

  Ivica.uchiliste.jpg

 ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ, БРАЌА И СЕСТРИ!

Ве известувам дека сите оние кои се заинтересирани за посетување на предавањата на Воведниот курс „Училиште за Животот“ можат повеќе информации за истиот да добијат на 26 септември (ЧЕТВРТОК) 2013 година од 17 и 30 часот во просториите на црквата „Св. Георгиј“ нас. Чаир.

По оваа средба ќе се договориме и за тоа кога новоформираната група ќе започне со следење на предавањата и програмата на Воведниот курс „Училиште за Животот“.
Доколку сте заинтересирани за посетување на Воведниот курс или познавате некого кој има интерес за тоа - тогаш - информирајте го и се гледаме на 26 септември (ЧЕТВРТОК) 2013 година од 17 и 30 часот во просториите на црквата „Св. Георгиј“ нас. Чаир.
За повеќе информации можете да ми пратите лична порака на мојот ФБ профил:)

Ваш во Христа, брат и слуга, презвитер Ивица Тодоров


Основни информации за Воведниот курс „Училиште за Животот“:

Воведниот курс „Училиште за Животот“ има за цел да ги запознае посетителите со основните вистини на православната (правоверната/ ортодоксна) христијанска вера.
Составен е од 10 предавања и три духовни средби. Предавањата се така концепирани за во нив да може секој да учествува со размислување, став, искуство.
Истите, особено се полезни, за оние кои ги започнуваат своите први чекори во православниот христијански духовен живот, но и за оние кои имаат некакво духовно искуство ама чувствуваат потреба за посериозно запознавање со откровението Божјо запишано во Светите книги на Стариот и Новиот Завет, а и со догматското и духовното предание на Православната Црква.

Курсот го посетува група од најмногу триесет посетители.
Се внимава групата да не биде поголема за да може да му се посвети внимание на секој посетител.
Исто така се работи и во мали групи – кои овозможуваат запознавање на посетителите на курсот помеѓу себе.

Предавањата се одвиваат во просториите на црквата Св. Георгиј Победоносец – населба Чаир.
Предавач и духовен раководител на Воведниот курс „Училиште за Животот“ е презвитер Ивица Тодоров - парохиски свештеник на Црковната Општина „Св. Георгиј Победоносец“ Чаир

Теми кои се обработуваат на Воведниот курс „Училиште за Животот“

1. Во Кој и Каков Бог веруваат православните (ортодоксните/ правоверните) христијани

2. Бог - Творец на се што постои во сите димензии на постоењето

3. Од каде и што е Доброто и од каде и што е Злото?

Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање!

4. Промислата Божја за спасение на светот во времето на Стариот Завет

5. Месијата, очекуваниот Спасител, одговор Божји на отпаднатиот свет

6. Евангелието, Радосната Вест, врвно откровение Божјо

7. Искупителната Крсна жртва и Воскресението – победа над злото, гревот, смртта и сатаната

Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање!

8. Црквата – заедница на Новозаветниот народ Божји

9. Светите Тајни на Црквата –
учество во Искупителната Крсна жртва на Месијата во силата на Духот Свети и вовед во процесот на остварувањето на нашето спасение

10. Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век

Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање! На оваа последна духовна средба се практикува да се приготви скромна трпеза на љубовта, а и на посетителите да им се дарува нешто за спомен и благодарност за покажаната активност.

Презвитер Ивица Тодоров


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј  16 ноември /3 ноември /2026

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 16 ноември /3 ноември /2026

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада...

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная