- На 08. 09. 2013 година, 11 – та Недела по Педесетница, Св. мч – ци Адријан и Наталија, Ден на Независноста на Р. Македонија, се одбележа 10 – годишниот Јубилеј од осветувањето на храмот „Св. Троица“ во Радовиш, ктиторско дело на г. Ристо Гуштеров со неговото семејство. По повод овој 10 – годишен Јубилеј, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Надлежен Архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф, Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА , отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа. На Светата Литургија г. Александар Сашо Тихонов од Москава - Р. Русија на храмот му подари икони со ликот на „Св. Троица“. На крајот од Светата Лиургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во дворот при храмот, го освети споменикот со ликот на „Св. Наум Охридски Чудотворец“ ктиторско и уметничко дело на Академик Томе Серафимовски.
- Извор: Брегалничка епархија