Свети Јован Златоуст имаше голема почит за Светото Писмо и Божествената Литургија. Светиот Дух го вдахнал Светото Писмо и Духот го толкува преку личното просветлување. Затоа, читањето на Светото Писмо е средство да се прими благодатта.
-
Вo сета теологија на св. Јован Златоуст е синергија: читање на Светото Писмо и просветлувањето на Духот, служење на светите Тајни и делување на Светиот Дух, вера како дар и дела како одговор на човекот на Божјиот дар. Верата не е доволна за спасение, зашто Бог не присилува, но ги привлекува оние кои сакаат да бидат привлечени. Исто така, во вршењето на Тајните, чинот или материјата не се доволни, неопходен е призивот на Светиот Дух. Во неговата општествена етика, Св. Јован Златоуст докажуваше дека љубовта кон ближниот и сиромашниот е вистинска тајна.
3-ти септември, лето Господово 2013
п.п.