Голема Богородица во Матка – Вечерна со бдение
- По повод празникот на Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка посветен на Нејзиното Успение, од попладневните часови на 27 август 2013 г. почнаа да се одвиваат чествувања кои траеја до раните утрински часови.
- Во 17:30 почна вечерната Богослужба по што низ манастирската црква протекуваше река верни кои кон Пресветата Богородица смирено и сосредоточено ги упатуваа своите молитви и ги оставаа своите дарови. Подтикнувачки делуваше присуството на групи млади и целите семејства кои вдахновено се храбреа во чествувањето.
- Во 19 часот се одржа духовна академија на која земаа учество учениците од ОУ Стив Наумов во Скопје кои го учеле предметот етика на религии и хорот на духовната заедница „да живееме заедно како Црква“.
- На полноќ почна сеноќното бдение предводено од отец Бобан Митевски и поддржано од хорот „Хармосини“. Верните за духовно воздигнување ја имаа меѓу себе иконата на Успението на Пресвета Богородица, а на крајот отецот ги благослови и миропомаза.
- За Преминпортал: Ратислав Кардалев
- Матка, 28-ми август, лето Господово 2013