Sidebar

логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 „Сечесниот хор на премудрите апостоли, на чудесен начин се собра да го погребе твоето славно и пречисто тело, Богородице сепеана. Со нив пееја и мноштво ангели, славејќи го твоето чесно преселување, кое ние со вера го празнуваме“ (прв седален на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).



Верниот христијански народ секојдневно ја прославува неуморната во молитвите Богородица, која за сите кои ја повикуваат е сигурна надеж во посредувањето. Денеска, пак, на 28.08.2013 година, неизброен народ се собра да го прослави нејзиното преминување во вечните одаи на рајот, од каде таа сите нè гледа и топло се застапува пред нејзиниот Син и нашиот Бог. Во чест на нејзиното Успение, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Сашо Ристески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Откако мнозина верни ги крунисаа посните денови со учество во светиот Путир, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа во чест на Мајката Божја, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Непобитна вистина е дека нашиот живот на земјата е краток и привремен, додека, пак, на небото е вечен. Секој ученик, уште од најраното детство, односно откога ќе тргне во училиште, слуша и учи разни предмети и собира знаење од поедини науки, кои потоа ќе му користат во неговиот живот, како на неговото семејство, така и на општеството во целина. Сето тоа знаење, повеќе или помалку, ќе биде корисно за телесниот, односно за земниот живот. Но, покрај ова знаење корисно за земниот живот, на човекот му е неопходно да се збогатува и со знаење за небесното, за вечното и за непреодното, учејќи од Законот Божји.
Преку овој Закон, ние треба да ги обогатиме своето срце и својата душа, хранејќи ги со Божествената љубов, правда и вистина и наоружувајќи ги со христијанските корисни добродетели. Тоа може да се спореди и со вредните пчели, кои летаат од еден на друг цвет и го собираат цветниот прав, од кого потоа прават хранлив мед за себе и за луѓето. По примерот на овие вредни Божји созданија, и ние луѓето треба да одиме од едно до друго добро дело, од едно Божјо задолжение кон друго, собирајќи што повеќе добри заслуги. Со нив лесно ќе се издигнеме на небото, каде ќе ги ползуваме плодовите од добрите дела и благодатта Божја.

Најдобар пример за искачување од земјата кон небото имаме во Мајката Божја - Пресветата Богородица, и тоа почнувајќи од нејзиното чудесно раѓање, па сè до уште почудесното издигнување на небото. Нејзиниот живот е постојано искачување по скалата на животот, од минливото кон вечното.

Мајката Божја била испросена со молитви од нејзините прастари родители Јоаким и Ана. Уште како мало детенце, на три годишна возраст, ќе отиде во домот Божји, поточно во Ерусалимскиот храм, како во привремена школа за вечниот живот. Во храмот престојувала полни десет години, каде се збогатила со сите можни добродетели, поминувајќи добар дел од патот кон небото. Подоцна, во домот на праведниот Јосиф, кој ја зема на чување, таа успешно го продолжила својот животен пат кон небото. Тука се искачува на второто скалило од скалата која се издига кон небото. И тука, таа живее строго според Законот Божји, исполнувајќи ја во потполност волјата на Отецот Небесен. Се збогатува и расне во Божјата правда и вистина, во преданоста на љубовта Божја и во природна морална чистота и светост. Заради сето ова, може да се каже дека уште тука постанала „почесна од херувимите и пославна од серафимите“.

Како најдостојна помеѓу сите жени, според волјата Божја, таа ќе биде избрана да постане Мајка на Синот Божји. Архангел Гаврил ќе и се јави во Назарет и ќе и рече дека ќе роди Син. Таа најпрво ќе биде збунета од оваа блага вест, но Архангелот Гаврил и вели: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лк. 1,35).

Пресветата Богородица ќе го доживее и прогонувањето, понижувањето, осудувањето и распнувањето на крст на нејзиниот Син и нашиот Спасител. Таа преживеела неискажливи маки и душевни болки, гледајќи Го безгрешниот Син, распнат на крстот помеѓу двајца разбојници. Страдањето и болката од гледањето на својот Син, измачуван во претешки маки и болки и распнат на крст, го разоруваат нејзиното рането срце. Поради најголемиот човечки злочин во историјата на светот, луѓето ликуваат, а природата се буни. Сонцето се затемнило, земјата се затресла, гробовите се отвориле а Пресветата Богородица плаче со неопислива болка. Тагува и се надева, исполнета со вера и трпение, дека на крајот правдата Божја ќе ја однесе победата. Таа плаче и рида со погледот свртен кон небото, од каде доаѓа правдата и каде се делат заслужени награди и казни. Ова душевно страдање за својот Син, како и надежта дека од таму ќе дојде заслужената награда, ја издигнуваат Пресвета Богородица до највисокото скалило, од каде лесно се пречекорува и влегува во рајските духовни дворови.

После славното Воскресение на нејзиниот Син, Пресвета Богородица со сигурност е веќе на небото. Тоа нејзино постепено, но сигурно искачување преку смиреноста, а потоа и преку многуте одрекувања, невидени и нечуени маки и болки родиле огромен плод.

Кога достигнала до благословената старост, архангелот Гаврил повторно и се јавил на Мајката Божја, но овој пат за да и објави дека се ближи часот и дека ќе биде земена од земјата кон небото кај нејзиниот Син, Исус Христос. Таа, пак, израдувана од оваа вест, започнала да се подготвува за овој свештен чин. Нејзиниот дом бил исполнет со светлина и многу свеќи биле запалени, за да се знае дека тука се јавува голема светлина. Околу нејзиниот одар се собрале апостолите и други свети луѓе, а Мајката Божја со песна Го величала Бога. На нејзината песна одговарал хор на ангели, со зборовите со кои Архангелот Гаврил ја поздравил на денот на светото Благовештение: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“ (Лк. 1, 28). Осветлена со светлина и молитвени песнопенија, Пресветата Мајка преминала од овој свет во небесниот.

Драги браќа и сестри!
Да се поучиме од животниот пат на Пресвета Богородица. Таа, со нејзиниот скромен, чист и непорочен морален живот, како и преку исполнувањето на Законот Божји, се удостоила да Го роди Спасителот на светот. Со нејзиното трпение и силна вера ги поднела сите страдања и маки, па дури и распнувањето на својот Син, но, исто така, го дочекала и Неговото славно воскресение. Токму затоа и ангели доаѓаат со песни, а Господ Христос ја зема нејзината душа и ја носи во царството Небесно, за каде таа и се подготвувала целокупниот овоземен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон Пресветата Мајка Божја, чие Успение денес го славиме, таа да погледне на нашите немоќи, на нашите смирени срца, и да ни биде помошница и заштитница, па да можеме и ние достоинствено и чесно да го изодиме нашиот од Бога даден пат. Преку нејзиното застапништво, и ние да го наследиме ветеното Царство, коешто Бог го подготвил за секоја христијанска душа, којашто цврсто и непоколебливо верува и живее според законот и Словото Божјо. Амин!

 



28.08.2013 година
Успение на Пресвета Богородица
храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

31/05/2025 - сабота

Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија; Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина; Светите маченици Ираклиј, Павлин и Венедим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная