Седмиот семинар на MOYA (Македонската Православна Младина на Австралија) се одбележа на 17 и 18 Август 2013, повторно во манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук. Темата за овогодишниот Семинар беше: “Светите Тајни – основа на Православнот живот.
Темата “Светите Тајни, како основана православниот живот”, обелодени многу мистерии и одговори многу прашања на сите присутни.
Во Петок навечер Игуменот Гаврил во присуство на верниците и членовите на МОУА, отсужи вечерна Богослужба и потоа имаше Трпеза на љубовта.
Во Саботата, програмата почна рано наутро со Архиерејска Божествена литургија во црквата на манастирот Св Прохор Пчински, на која верните се причестија со Светите Христови Дарови.
По Литургијата, во пријателски разговор со Владиката Петар, игуменот Гаврил, свештенството и младите се поздравуваа и се запознаваа оние што не се знаеа.
Потоа започна образовниот дел за кој воведниот дел го даде Игуменот Гаврил од манастирот Св Прохор Пчински кој во име на МОУА му подари на Неговото Високо Преосвештенство г. Петар, мало одејание, Омофор и Епитрахил.
Прв говорник на овој семинар беше, Митрополитот Преспанско Пелагониски и администратор Австралиски и Ново Зеландски г. Петар на носечката тема на Семинарот: “Светите Тајни – основа на Православнот живот”. Тој воедно ги благослови рачно израбoтените бележниции за книги, од страна на членовите на MOYA и бројаници од манастирите од Македонија, кои ги раздели на сите присутни.
Втор говорник беше Протојереј Мирко Пешовски старешина на соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица на тема “За Светата тајна на покајание, исповед и Света Причест”.
Трет говорник беше братот Георге Димовски, кој поради обврски неможеше да присуствува, но беше доволно љубезен и го прати својот текст “За Светотаинскиот карактер на Бракот” кој го прочита Елена Тодорова.
А предавањата на семинарот ги приврши Игуменот на Манастирот, отец Гаврил на тема “Суштината на Светите Тајни, нивнта практичност и дејство во животот “.
После предавањата од овој ден сите присутни се прошетаа низ манастирот, при што ја добија можноста да ги впијат звуците на природата и да им се восхитуваат на раните знаци на пролетта, додека сите присутни си разменуваа мислења и впечатоци за предавањата од овој ден.
После вкусната вечера, сите му се заблагодарија на Господа со присуство на вечерна служба, по која вечерта се исполни со насмевки, џагор и разиграни срца меѓу сите членови.
Во Неделата, повторно почна со Божествена Литургија, на која сите се собравме во името на Господа и сите што беа подготвени се причестија со светите дарови.
После ручек, членовите на МОУА од Мелбурн, заедно со членовите од Сиднеј, ги открија убавините на Мелбурн, со посетата на Националната Уметничка Галерија на Викторија, каде што можеа да видат и колекција на православни икони од 17 и18 век. Прошетката низ улиците полни со изненадувања, случајни средби со други македонци и вкусување на најдобро Мелбурнско кафе, што го претстави и завршетокот на овие денови, а со тоа, завршетокот на VII MOYA семинар.
На аеродромот со насмеани лица се поздравивме со овогодишните гости и повторно благодатта од Господа се чувствува преку новите пријателства што се формираат, старите што се одржуваат и мудроста собрана од овие два дена што ќе ни го осветлува патот до наредната средба.
Голема благодарност до Владиката Петар кој со години безрезервно ја поддржува младината на овие простори, и посветеноста на игуменот на Манастирот, отец Гаврил, под чие раководство и организација веќе седум години се одржува оваа многу значајна за нас манифестација.
Слава на Бога за се.
The VII MOYA SEMINAR: The Holy Mysteries – Foundation of the Orthodox life
The VIIth MOYA (Macedonian Orthodox Youth of Australia) seminar was held on the 17&18 August 2013, at the monastery of St. Prohor Pchinski. The theme for this year’s seminar was: “The Holy Mysteries – Foundation of the Orthodox life”, which revealed many mysteries and answered many questions. On Friday eve, Abbot Gavril together with the faithful and the members of MOYA held Vespers and then a dinner of love was served.
On Saturday the program started early in the morning with a Hierarchical Divine Liturgy at the church of the monastery of St Prohor Pchinski, where the faithful partook of the Holy Gifts of Christ. After the Liturgy, the Bishop Peter, Abbot Gabriel and the clergy, had a friendly discussion with the youth. The educational part of the seminar started with the introduction which was given by the Abbot of the monastery of St. Prohor Pcinski, father Gavril, who in the name of MOYA presented to His Eminence Father Peter, a small gift, an omophorion and Epitrahil.
The first speaker of the seminar was, the Metropolitan of Prespa and Pelagonia, Administrator of Australia and New Zealand, Father Peter , with the topic of the seminar: “The Holy Mysteries – Foundation of the Orthodox life”. He also blessed the handmade bookmarks by the members of MOYA and the prayer ropes from the monasteries of Macedonia, which he presented to all in attendance.
The second speaker was Very Reverend Mirko Peshovski , a priest at the church “ Birth of Bogorodica” on the topic “The Sacraments of repentance, confession and Holy Communion.”
The third speaker was Brother Georgi Angelov, who due to prior commitments did not attend, but was polite enough and sent his text on ”The sacramental character of marriage” which was read by Elena Todorova.
The seminar lectures were wind down by the abbot of the monastery, Father Gavril with “The essence of the sacraments, their practicality and influence in life.” After the lectures everyone walked around the monastery, where the sounds of nature and the early signs of spring were admired, while all present exchanged opinions and impressions about this day.
Following a delicious dinner, all thanked the Lord with their presence to Vespers, after which the evening was filled with smiles, happy sounds and playful hearts among all members.
Sunday was started with Divine Liturgy, during which all were gathered in the name of God and all who were prepared partook in the Holy Communion. After lunch, the members of MOYA of Melbourne, along with members of Sydney, discovered the joys of Melbourne, with a visit to the National Art Gallery of Victoria, where they could see and admire a collection of Orthodox icons of the 17 and 18 century. Walking through the streets filled with surprises, random encounters and experiencing the best coffee in Melbourne, which presented the end of these days, and thus, the end of the VII MOYA seminar. At the airport with bright faces we farewelled our guests and yet again the grace of God was felt through the new friendships, the old ones that were maintained and the gained wisdom of these two days that will illuminate our minds till we meet again.
Special thanks to Bishop Peter who for years unreservedly supports the youth in this region and the commitment of the Abbot of the monastery, Father Gavril, under whose leadership and organization this event is held for seven years already and it is very important to all of us.
Glory to God for everything.
Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија