“Од зраците на Божеството се сокри сетилното сонце кога на гората Тавор Те виде Преобразен, Исусе мој”. Св Јован Дамаскин
Празнично беше одбележано Преображението Господово, во храмот „Св.Преображение„ во Прилеп.
Во навечерието на празникот беше отслужена празнична Вечерна богослужба, а наредниот ден со почеток во 07:00 часот беше отслужена празнична Утрена со Света Божествена Литургија со која што началствуваше архиерејскиот намесник, протоереј Благоја Станкоски во сослужение со свештенството при Архиерејско намесништво од Прилеп. По тој повод, после Светата Литургија беше извршено осветувањето на лозовиот плод, режење на славскиот колач како и осветување на водата.
Александар Б.