„Двата синови од параболата се два човека- праведен и грешен. Постариот син живее според заповедите Божји, и секогаш ги ужива Неговите добра и никогаш од Него не отстапува. Помладиот пак, кој го возљуби гревот, и со срамни дела се одрече да живее со Бога, се оддалечи од Него и живееше блудно, како роб на страстие и на демонот.
Гревот е нечиста работа. Оној што греши, тоа го прави заради привремена наслада. Далеку од Бога, се храни со рокчиња, како свиња. Во почетокот рокчињата му се чинат како нешто слатко, а на крајот како нешто горчливо.Кога блудниот син си дошол на себе, кога се отрезнил, се враќа при таткото велејќи: Татко, згрешив на небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син. Тој го прима покајникот, без да го срамоти, прегрнувајќи го со татковска љубов, и му дава облека, односно, свето крштение, печат и прстен, односно благодатта на Светиот Дух.“
Посети:{moshits}