ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЈОВАН РУСИН, СВЕТИ ДАВИД ЕВИЈСКИ И СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ - ГРЦИЈА
ОД 13 ДО 15 СЕПТЕМВРИ 2013 ГОДИНА
Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ лиценца А бр. 680, тел 031,413,984), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организирапоклоничко патување во чест на свети Јован Русин, свети Давид Евијски и свети Нектариј Егински - ГРЦИЈА.
1 ДЕН (13.09.2013 петок): Состанок со групата во 22,00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони (ноќно возење).
2 ДЕН (14.09.2013.сабота): Пристигнувањето на островот Евија е предвидено во утринските часови. Следува заминување за Ровиес и посета на манастирот Свети Давид и поклонување на неговите мошти. Следи продолжување на патот кон Прокопи и посета на храмот посветен на свети Јован Русин и поклонување на моштите од светителот. Потоа патот продолжува кон Атина и островот Егина, следи сместување во хотел и ноќевање.
3 ДЕН (15.09.2013 недела): Будење, а потоа заминување во манастирот посветен на свети Нектариј Егински,каде поклониците ќе можат да се поклонат и помолат пред неговите мошти. По ова посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.800 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, автобуски превоз, превоз со траект Глифа - Евија и Пиреја - Егина - Пиреја, платена такса за во пристаниште и едно ноќевање со појадок во хотел (14 септември).Последен рок за пријавување е 11 септември 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаатда да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сакада да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Коперативна банка 320100004091752