логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 Чествување на светите Седмочисленици

02.jpg


27 јули/9 август 2013 лето Господово, Св. вмч. Пантелејмон и свети Седмочисленици


Со какви пофални песни достојно да ги пофалиме Седмочислениците славни, Кирила со Методија, Климента, Наума со Сава, и Горазда со Ангеларија, кои Единиот Бог во три Лица нам ни Го возвестија, и верата православна ја утврдија!?  Зашто нив, навистина, со венци на бесмртната слава достојно ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема. (Стихира од Вечерната на светите Седмочисленици)
Со вакви пофални венци, сплетени од благодарствени и топли зборови, денес Црквата наша православна, молитвено си спомнува за седумте столбови на словенското Православие, светите рамноапостоли Кирил и Методиј, Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Зашто тие се нашата свештена Седморка, седум ‘светила незаодни’, најсјајно соѕвездие на небото на Црквата славјанска. Тие се мрежа апостолска со која Спасителот Христос уловил безбројни словенски множества за да ги извлече од незнабожечката темнина и ги приведе кон светлината на богопознанието; тие се молитвениот покров со кој седобриот Бог човекољубиво го покрил словенскиот род за да го израсне и одгледа во полнотата на мерата Христова. Навистина, овие свети мажи се покажаа како Господови садови на премудроста, орудија на Божјата спасителна промисла, исполнители на возвишени и славни, неискажливи и бесмртни дела. И нема мерка што би можела да ги измери нивните подвизи, ниту има зборови што би ја опишале нивната љубов кон Христа и ближните свои! Зашто тие и азбуката со Божјо содејствие ни ја составија, и јазикот преку своето дело го издигнаа и осветија, и свештените Писанија со новото писмо ги преведоа и нам во наследство за спасение ни ги предадоа; тие седум рамноапостоли, како богомудри градители, на словенската писменост непоколеблив темел положија.
Изградена на овие духовни темели, ликува денес и благодари Бигорската обител, таа древна ризница и свештен кивот на светото Кирилометодиевско предание. И безмерна радост ги облагороди нашите души, радост што ни ја испратија нашите најсвети татковци и родоначалници, на свечената вечерна богослужба, каде со посебно умиление ги чествувавме светите мошти на преславниот Климент и големиот исцелител Пантелејмон! А таа свештена радост преисполни сѐ, кога на покана на нашиот возљубен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, нашиот старец со неколку членови од Бигорското братство учествуваше на свечената богослужба во Светиклиментовата црква на Плаошник во Охрид - срцето на најсветата и славна Охридска Архиепископија. Тука, заедно со молитвениот собор на многубројните верници, се отслужи света архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Н. Б. архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение со Н. В. митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј и Н. П. епископот Лешочки, г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, како и повеќе други свештенослужители и ѓакони. Потоа Неговото блаженство г.г. Стефан ја круниса прекрасната богослужба во чест на нашите родоначалници со боговдахновено, поучно слово. Ова навистина големо торжество се покажа, како прекрасна можност за нашиот возљубен старец, архимандритот Партениј, од името на целото Бигорско братство и Раичко сестринство, да му поклони на нашиот надлежен владика, митрополитот Тимотеј, една чудесно изработена митра во александриски стил, ракотворба на монахињите од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица. Писмото со коешто нашиот старец му ја подари митрата на владиката Тимотеј, ја одразува сета почит и љубов што ја имаат нашите срца кон него:
„Многупочитуван наш архијереју,Ја славиме чудесната и неискажлива милост Божја, која направи од родот наш свои чеда и ни даде достојни пастири, полни со мудрост и татковска љубов, ни ги даде славните Охридски учители и молитвеници за својот род – светите Климент и Наум. Овие духовни великани блескаат како најсјајни ѕвезди на славјанското небо, па и сега, како и тогаш, нè поткрепуваат со своите молитви кон Бога, и нè водат мудро по тесниот пат, вешто отклонувајќи ги од нас сите непријателски замки. Сега, кога торжествено го празнуваме светиот спомен на великиот и преславен Климент, возљубениот патрон на нашата света Црква и на славната Охридска столица, направете ни ја таа радост да го примите од нас овој скромен дар и принос на нашите раце, што со најголема љубов и благодарност Ви го подаруваме, молејќи го нашиот охридски Пастир, светиот Климент, да се застапува за Вас пред престолот на Бога, и да Ве озари со својата благодат, да ги води делата на Вашите раце кон најсветата и најблагородна цел – спасение на нашиот верен народ. Зашто Вие сте негов следбеник и сотрудник на Божјата нива. Нека оваа уникатна, во духот на александриските, рачно изработена митра, Ви биде постојан потсетник за нашата љубов и почит, и нашата смирена надеж во Вашите архијерејски молитви.
На многаја лета, Високопреосвештен владико!
Архимандрит Партениј,     игумен на Бигорскиот манастир,со неговите во Христа браќа и сестри“

 00.jpg

 01.jpg

  03.jpg

 04.jpg

 05.jpg06.jpg

 07.jpg

 13.jpg

 14.jpg

 16.jpg

 17.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная