На 14 јули 2013 година, кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го слави споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан, во Соборниот храм во Скопје протоереј- ставрофор Драги Костадиновски одслужи Света Божествена Литургија. Верните се причестија со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
Во гостиварското село Зубовце, отец Александар Јанковски во параклисот посветен на светиот апостол Тома со Светата Тајна Крштение го вклучи правнукот Кирил од семејството Серафимовски во Светата Христова Црква. Присутните со пиетет се спомнаа на Неговото преосвештенство, благоупокоениот Полошко-Кумановски Митрополит господин Кирил кој го освети параклисот во 2008 г.
За Преминпортал(Ратислав Кардалев)