Во Македонската Православна Црковна Општина Св.Наум Охридски во Малме –Шведска, молитвено, свечено беа одбележани црковните празници Слегување на Св.Дух-ДУХОВДЕН (Света Троица) и Преподобниот Наум Охридски.
Светите Богослужби ги служеше парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски.
Новопоставениот централен полилеј –лустер, со својот сјај и светлина допринесувоше да и срцата на верниците со топлите молитви што ги пренесо бидат поблиску до Бога.
Црквата е подготвена за фрескоживопис во олтарот кој треба да го работи г-ѓа Виолета Наново од Скопје со своите соработници за време на Јули-Септември.
За Преминпортал: о.Блажо Кожарски