На 17. 02. 2008 год., ден недела беше отслужена Света Архиерејска Литрургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија.
Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од сите намесништва на епархијата.
Во својата проповед, Митрополитот Агатангел, зборувајќи за митарот и фарисејот, ги поучи присутните верници да не бидат лицемерни како фарисејот, туку смирено и со покајание да му пристапуваат на Бога, зашто само таквите молитви Бог ги услишува.
Посети:{moshits}