На 24. 06. 2013 година – Духоден 2 ден, св. ап – ли Вартоломеј и Варнава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Св. Троица“ во Радовиш, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и ктиторот на црквата г. Ристо Гуштеров, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Никола Миовски и Советници од Општината Радовиш.
(Повеќе)
Извор: Брегалничка епархија