Скопје, 23-ти јуни 2013 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Благословен си, Христа Боже наш,
Кој рибарите ги направи премудри ловци,
кога им Го испрати Светиот Дух,
и преку нив ја улови вселената.
Човекољупче, слава Ти,
Тропар на Педесетница, глас 8
Во храмот Рождество
на Пресвета Богородица во Скопје ,на 23 јуни 2013 година, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Педесетница, старешината на храмот, отец Трајче Петковски во сослужение на ѓаконот Благоја Ковачовски, отлужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата во прекрасно празнично расположение се отслужи вечерна богослужба и со читање на трите молитви во „коленоприклонение“
, верниот народ
се молеше и Му благодареше на Бог. Подарените
благословени оревови лисја, со радост ги понесоа во своите домови. По повод празникот о.Трајче произнесе празнично слово.
Владимир Лоски
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...
Преминпортал (к.т.)
23 јуни, лето Господово 2013
Друго:
МОЛИТВА НА СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ СО КОЈА ГО ПРИЗИВА СВЕТИОТ ДУХ