Светиот Синод со обраќање по повод протестите во престолнината и големите градови во земјата
Денеска, Св. Синод на БПЦ излезе со обраќање кон народот по повод на
„ескалираниот напон во општеството, народното незадоволство и масовните
протести кои веќе неколку дена продолжуваат во престолнината и
поголемите градови“. Во обраќањето се вели, дека БПЦ не може да не
заземе став кон она што се случува во земјата, зашто Црквата „има свои
чеда и паства како меѓу оние кои протестираат, така и меѓу оние, кон кои
е насочено општественото незадоволство, и нараснува загриженоста и
тревогата заради нарушувањето на мирот, редот и справедливоста во
општеството“.
Во обраќањето, уште се вели: „Секој верник, длабоко во срцето, има
заложено од Творецот чувство за справедливост. Кога чувствува дека
справедливоста е нарушена, народот е слободен да ја изрази својата
несогласност со дејствата на оние, на кои е возложена грижата за
управувањето со земјата и одговорноста за благоденствието на нејзините
граѓани.
- Слободата е највисокото богатство за човекот, но таа, без моралниот почеток станува произволна и води до деградација и разрушување како на личноста, така и на општеството. Подобрата иднина на нашата земја, кон која што се стремиме сите, е незамислива без високи идеали и светоглед, заснован на верата, моралот и етиката, ако промената не започне од самите нас, од нашите дела, мисли и срца. Доминарњето на „јас“ над стремежот кон општото добро, отфрлањето на Божјиот Закон и традиционалните морални вредности, недостигот на мотивација самопожртвувано служење на ближните и општествотол, обезвреднувањето на поимите, како родољубие, чест и достоинство, веќе неколку години имаат тенденција во нашето општество. Како последица на тоа расте социјалната апатија и безнадежноста за позитивни промени.
Благоденственоста и мирот во едно општество се незамисливи, доколку Божјата правда – животот според совеста – не се водворат на сите нивоа: во меѓучовечките односи, семејството, децата, работните заедници, државата, доколку чесноста не стане норма во политиката, економијата и управувањето на земјата, ако општото добро не стане лично дело и убедување на сите, независно од тоа на кој степен од социјалната хиерархија се наоѓиа. Кога граѓаните и народот во власта на своите решенија и дејствија се раководени не од братољубие, туку од омраза, желба за одмазда, лични интереси и амбиции, властољубие и гордост, не можеме да се надеваме на подобрни дни.