Скопје, 16.06. 2013 год.- храм Свето Благовештение
- На 24-ти февруари 2013 година, во Недела на Светите отци од Првиот Вселенски Собор, кога Црквата молитвено го празнува споменот на светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула , во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се прицхести со Светите Христови Тајни.
Свети Јован Златоуст
-
Учениците Христови во присуството на Христос се насладуваа со неискажливи блага и за време на општењето со Него беа во голема благосостојба... Заради тоа, Он дозволи за кратко време да бидат лишени од силата којашто им содејствуваше, за останувајќи без неа да разберат колку многу добрини им причинуваше Неговото присуство, и откако ќе го почувствуваат значењето на претходните добра, со уште поголема ревност да го примат и дарот на Утешителот. Светиот Дух и ги тешеше во нивната тага и ги озаруваше со Својата светлина кога тагуваа заради разделбата со Учителот... Така тие го слушнаа гласот Господов: Одете и научете ги сите народи (Матеј 28, 19), но уште не разбираа каде секој од нив треба да оди и во која земја треба да го проповеда Христовото учење. Тогаш Светиот Дух слезе во вид на огнените јазици одредувајќи секому од нив место каде треба да проповеда, и со дадениот јазик (како на некоја табличка) означувајќи го секому делот којшто му е доверен.
Преминпортал (к.т.)
16-ти јуни , лето Господово 2013