Известување до православните верници
Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Стефан, се известуваат сите праволавни верници дека честиците од животворниот крст Христов, светите Серафим Саровски, великомаченик Пантелејмон, Димитриј Ростовски, Теофан Затворник, парче од одеждата на свети Јован Шангајски, како и Новиот Завет, ќе бидат донесени на поклонение во следните храмови:
-Во четврток, 13. јуни, на празникот на Вознесението Христово, честиците ќе бидат донесени во храмот во Драчево кој е посветен на истиот празник, каде ќе чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот Стефан. Божествената литургија ќе започне во 9 часот.
Во недела, 16 јуни, истите честици ќе бидат донесени на поклонение во соборниот храм свети Климент Охридски, во Скопје. Литургијата ќе започне во 9 часот.
Лето Господово 2013