-
Скопје, 09.06.2013 год. - соборен храм на св. Климент Охридски
На 9-ти јуни 2013 година, во Неделата на Слепиот, кога Светатa Црква молитвено го прославува споменот на светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски, вособорниот храм на св. Климент Охридски, во Скопје, Митрополитот Европски г.
Пимен го крсти чедото Божј оЕна . По чинот на крштевањето на Ена, Владиката Пимен ја искажа радоста што веќе три генерации на оваа фамилија ги крштева, и венчава иим посака духовно постојано да растат поучувајќи
се во верата Христова.
„А тоа “единствено потребно“ и е Вистината, која ни ја проповедаа Апостолите, во
која ние поверувавме, а таа Вистина е Христос со Кого ние се соединивме во
Крштевањето, и Кој постана наша Храна, Живот наш во Црквата, и во таа Вистина
Христос - ние треба да растеме и таа Вистина Христос - сме повикани да ја
исповедаме. Вистината е суштината на Црквата и смисолот на црквеното
богослужение. И за Христијанинот нема, ниту може да има поголема радост од
непрестаното поимање и понирање во тој богочовечки Мистирион, во тоа Таинство,
низ кое верата може да ја здобие Самата Божествена Вистина, Самиот Божествен
Живот.“
Свети Серафим Саровски- Овој пламенен дух што сите ние, верници христијани, Го примаме во Света Тајна
Крштение, е запечатен со свети печати на Света Тајна Миропомазание, ставени врз
главните делови на нашето тело, според одредбите на Црквата, бидејќи од тој
момент нашето тело станува дарохранилница на благодатта за вечност... Оваа
крштенска благодат е толку голема, овој извор на живот е толку неопходен за
човекот, што не се одзема ни на еретик до часот на неговата смрт...
-
Подстрижувањето го симболизира првиот дар кој
Му го принесуваме на Бога.
Преминпортал (к.т.)
Друго: