09.06.2013 Параклис Св. Николај Чудотворец - Аеродром
Се зарадував кога ми рекоа: Ке одиме во домот Господов.
Ете, нозете наси стоеја во твоите дворови, Ерусалиме
Денес во параклисот посветен на Св. Николај Чудотвоец во населбата Јане Сандански отец Бобан Митевски отслужи света Божествена Литургија. Верниот народ кој присуствуваше денес во параклисот, имаше исклучителна можност да се поклони на светите реликвии, и тоа: честица од Чесниот крст; мошти од светите Серафим Саровски, Димитриј Ростовски, Теофан Затворник и великомаченикот Пантелејмон и парче од одеждата на свети Јован Шангајски...
Се зарадуваа и срцата наши денес стоејќи во домот Господов, славејки го Бога во Светиите Негови. Секој од нас молитвено се соедини со светоста нивна, поклонувајќи се и молејки тие да се застапуваат со своите молитви за нас пред насиот милостив и човекољубив Бог.
Река од народ помина во параклисот, и секој со благослов и неизмерна радост си заминуваше. Параклисот денес беше премал но преголем, но, како што рече о. Бобан Митевски: Нека е црквата мала, но, верата да ни е голема! И навистина, не постојат зидови и врати кои можат да ја затворат и да ја сопрат Божјата неизмерност во Славата Негова со која Он не дарува и благословува. Во пропведта на отецот се поучивме за Светителите и нивните мошти и дека секој од нас е повикан да биде свет, како што не повикува нашиот Спасител; “Јас сум Свет и вие бидете Свети”. Секој од нас има можност да живее според Божјите заповеди и со својот богоугден живот и дела да ја достигне светоста, која не треба да биде тежнеена за да и ние бидеме прославувани, туку да го стекнеме спасението и наградата со вечното живеење во радоста на Царството Божјо!
За Преминпортал: Дара Бриндева
9-ти јуни, лето Господово 2013