Патријархот на Руската православа црква апелираше до монасите да не ги
користат мобилните телефони за пристап до Интерет, со цел да ги избегнат
дополниелните искушенија.
- Интернетот стана големо искушение, изјави
патријархот Кирил за време на посетата на манастирот Зограф во Грција.
-
Според мое мислење монасите се однесуваат прилично неразумно. Од една страна тие
се повлекуваат од светот за да создадат поволни услови за спасение, а од друга
страна користат мобилни телефони за пристап до Интернет, каде како што знаеме
постојат голем број грешни работи, кои ги доведуваат во искушение, додаде тој.
Патријархот Кирил истакна дека традицијата на монасите по дефиниција е
стриктна и оти тие не треба да се прилагодуваат на модерните услови.
Тој
и претходно предупредувал на „манипулациите“ на Интернетот, но неименуван
претставник на црквата тврди дека и самиот патријарх користи Интернет за
пребарување на информации.
Извор:http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F1B6C11B0DBE564C8586860AC724412F