Скопје, 02.06 2013 год.- храм на св. Петка
На 2-ри јуни 2013 година, во Недела на Самарјанката, кога светата Црква молитвено го празнува споменот на светиот маченик Талалеј и светиот маченик Аскалон во храмот на света Петка, во Скопје, старешината на храмот, о.Томе Вејлановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од светата Литургија, отец Томе во својата беседата се осврна на деновиве повторно актуелнизиран проблем на абортусот, за кој Светата Црква говори дека е убиство, односно смртен грев. Непосредно повржано со овој проблем, е и укинувањето на веронауката во училиштата. Несакајќи да ги апострофира иницијаторите на оваа лоша одлука, тој укажа на фактот дека во Европската унија во повеќе земји веронауката е дел од образовниот систем. Ни раскажа, за прекрасен пример во Кипар, каде децата пред почетокот на часот се молат, по учењето, пред ручек...итн. А кај нас, родителите, доколку детето посетува црква, тие се загрижуваат а не им пречи дома да се прибираат и во раните утрински часови.
ПреминПортал (к.т.)