На 10 февруари, на денот кога нашата Православна Црква го празнува “преподобен Ефрем Сирин ; и преподобен Исак Сирин”, во Македонската Православна Црква посветена на Светиот великомаченик Димитриј Солунски од Маркам, Торонто, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Методиј отслужи Архиерејска Божествена Златоустова Литургија во сослужение на протоереј-ставрофор Јован Босеовски и прото-ереј Стеван Груевски.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Божествени дарови.
Известува: ѓакон Стеван Барјактаров
Посети:{moshits}