На 2. мај 2013 г. во храмот „Света Петка“ во Скопје со почеток во
18:00ч, во присуство на броjни верници се одслужи Утрена со читање на 12
евангелија за Христовите страдања. Богослужбата ја предводеше Епископот
велички г. Јосиф.Подсетувањето од година во година на наште неизбежни
одпаѓања од нашиот Создател се секако здрава основа за јакнење на гласот
на нашата совест и духовно растење. Затоа апостол Павле препорачува да се покаеме за своите гревови и да се крстиме во името на Исус Христос
за да ни бидат простени гревовите (Дела 2,38).
Сепак, Христовата одкупителна жртва е жива и величествена понуда за
нас. Затоа Митрополитот на Навпактос Јеротеј Влахос истакнува дека
обожувањето на човекот не е луксуз во духовниот живот, туку конечната
цел на човекот кој преку Богочовекот Христос може да стигне од образот
до подобието, кое е обожувањето (види
http://preminportal.com.mk/content/view/976/60/).
Тоа е нешто на што би требале повеќе да размислуваме. Имаме пример во
вечерва прочитаното евангелие кога војниците застрашително настапуваат
барајќи го Исуса Назареецот, а Тој толку цврсто им рече „Јас Сум”, што
ТИЕ СЕ ПОВЛЕКОА НАЗАД И ПАДНАА НА ЗЕМЈАТА (Јован 18:3-6). Нека ова не
биде само чтение. Јеротеј Влахос нè храбри дека и ние можеме да се
исправиме пред нашите секојдневни проблеми со самите себе, во
семејството, соседите, на работа ако застанеме на Цврст камен. Дури
зборување само за проблеми е многу конзервативно. Зошто да не зборуваме и
за наш успешен настап во сите домени на нашето постоење?
Преминпортал (Ратислав Кардалев)
2-ви мај, лето Господово 2013