логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Hristos.sv.Nikola1.jpg

Заговор за убиство

Јудејците се договориле да Го убијат. Библискиот текст вели: „По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници; а прво¬свеш¬тениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат; но велеа: ,На празникот не, за да не стане бунт меѓу луѓето‘ “ (Матеј 26,3-5; Марко 14,1-2).
Заговорот против Христа првосвештениците и книжниците го направиле во средата пред Пасха. Овој настан што се случил тогаш е причина во Црк¬вата Христова среда да биде ден определен за пост, бидејќи тогаш Господ Исус Христос бил предаден и првосвештениците и книжниците се договориле да Го фатат, лажно да Го обвинат и да Го осудат на смрт, распнувајќи Го на крст. А во петокот бил паспнат. Непријателите сакале да го исползуваат предпразничното време, пред Пасха да Го фатат и убијат, за да можат ослободени од Него да ја прославуваат Пасха. Господ Исус Христос, пак, Го определил времето на Своите страдања и според промислата на Светата Троица, Он бил распнат спроти Пасха, затоа што Он Самиот е вистинската Пасха.
Овде е забележано де¬ка првосвештениците и книжниците донеле најконкретна одлука: Исус мора да биде фатен и убиен, и тоа, што е можно побрзо. Ним им недостасувало само погодно време тоа да го извршат. Тие, отишле дури дотаму во гревот, така што, на нивната морална и верска содржина, не им пречело убиството на Христа и биле согласни Он да биде убиен дури и на Пасха, не сметајќи дека со тоа ќе го осквернат праз¬никот. Тоа не им пречело, туку биле загрижени, од практични причини, „за да не стане бунт меѓу луѓето“. Тие се договориле „да Го фатат на измама,“ затоа што немале вистин¬ска причина со која би Го обвиниле, осудиле и убиле.

Јудиното предавство на Христа
Јуда Го предал Господа за 30 сребреници (Матеј 26,14-16; Марко 14,10-11; Лука 22,1-6; Јован 13,2,27). Во Евангелието е запишано вака: „Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетте, отиде кај прво¬свештениците, за да им Го предаде. А тие, штом чуја, се зарадуваа и ветија да му дадат сребреници. И бараше погодно време, за да Го предаде“ (Марко 14,10-11).
Јуда отишол кај првосвештениците со намера да им Го предаде Господа Исус Христа.
„Оти¬де“ – значи отишол сам, без некој да го повика, од¬нос¬но, првосвештениците не го повикале, па дури и тие биле из¬не¬на¬де¬ни од неговата постапка. Јуда, всушност, им ја олеснил нивната ра¬бо¬та.
Што го натерало Јуда да „отиде при првосвештениците“?
Све¬ти¬от евангелист Лука вели: „Влезе сатаната во Јуда“ (Лука 22,3), се разбира по негово допуштање и според слободната волја на апостол Јуда, би¬деј¬ќи сатаната нема таква сила и моќ, без наша волја да раководи со нас, туку ние, со нашата слободна волја, му допуштаме. Светите от¬ци истакнуваат уште една причина за желбата кај Јуда да го пре¬да-де Христа. Имено, сè до тој момент Јуда се двоумел дали Христос ќе биде Јудејски цар на земјава или не. Јуда повеќе посакувал Исус да биде политички цар. Зошто? За да добие некаква важна функција во државната власт. Но, неговите планови пропаднале кога видел дека Учи¬те¬лот се подготвува за страдање, за смрт и тогаш веќе, конечно ја изгубил сета надеж. Почнал да си размислува за себе и си велел дека од Христа не ќе може ништо повеќе да добие, а можел да биде са¬мо гонет, па затоа решил да искористи барем нешто, а тоа било да Го предаде Христа и за тоа да земе некоја награда во пари. „И рече: ,Што ќе ми дадете, па да ви Го пре¬да¬дам?‘ А тие му предложија триесет сребреници“ (Матеј 26,15).
Еван¬ге¬ли¬е¬то мудро ги открива работите. Забележуваме дека Ју¬да во оваа реченица не сака ни да го спомне името на Спасителот. А, не спом¬ну¬ва и никаква цена, туку, едноставно, си вели: дајте колку ќе да¬де¬те. Тој, пак, бидејќи не предложил цена за Исуса, тоа веднаш го на¬пра¬ви¬ле првосвештениците и „му предложиле триесет сребреници“. Тоа значи дека Исус е потценет и вреднуван само колку еден најобичен роб.
 

Повеќе

1-ви мај, лето Господово 2013

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

« »

Најнови вести

Православен календар

02/09/2026 - среда

Св.Самуил;св.вмч.Севир, Мемнон и др.

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная