ЛАЗАРЕВА САБОТА
Пред Твоето
доброволно страдање, Христе Боже, си им дал на сите луѓе уверување во општото
воскресение: зашто во Витанија си го подигнал Лазара четвородневниот со Својата
семоќна сила и како Светлодател, Спасителе, си направил слепите да прогледаат.
Со своите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на осле како на Херувим и
така си ги исполнил зборовите на пророкот. Децата еврејски, земајќи палмови
гранки, Ти излегоа во пресрет. Затоа и ние, носејќи палмови и маслинови гранки,
благодарно Ти воскликнуваме: Осана во висините! Благословен е оној, кој доаѓа во
името Господово!
Утрена, Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Внимавај! Предупредувам
и сведочам и го објавувам ова со глас разбирлив за сите: ...„Никој кој има
непријател да не се приближува до Чесната Трпеза, ниту да го прими Телото
Господово.“
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Господи, да се придружиме и ние на
пофалната песна за Тебе, Твоето свето и благословено Име нека е прославувано
навек! Помогни ни, Господи, да го бараме најнапред Твоето Царство, ништо не
претпоставувајќи му, за во сè да се изврши Твојата волја. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Битие 49, 1-2; 8, 12
Софониј 3,
14-19
Захариј 9, 9-15
Послание до Евреите 12, 28; 13, 8
Свето Евангелие по Јован
11, 1-45
Созерцание: А Исус и рече: „Јас сум воскресението и животот; кој
верува во Мене, и да умре, ќе живее.“
Свето Евангелие по
Јован 11, 25
Подготви: А.Л.
Од Верскиот календар на МПЦ
Лазарова сабота 11/04/2009
На овој ден се споменува чудесното воскресение на
четиридневно упокоениот Лазар, во она време извршено од Богочовекот Исус
Христос. Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно
(или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота.
Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на
тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај,
своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за
Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на
сопнување за мнозина. Но оттогаш мнозина и поверуваа во Него како во Спасител.
Некои богослови особено ја растолкуваа човечката и Божествената природа Христова
кај Лазаровото воскресение, велејќи дека Господ плачеше пред гробот на Лазар
заради Својата човечка љубов кон него како мил пријател, а го воскресна со
Својата Божествена сила како Бог.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)