Скопје, 24 април, лето Господово 2013
+++ +++
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија и манастирот „Св. Јован Бигорски“ одржаа прекрасен хуманитарен духовен концерт со наслов „Страдања Господови“.
Под диригентската палка на Ле Фи Фи, а како солисти настапиа поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција г-га Нектарија Каранsи. Автор на оркестрацијата на циклусот „Пасхално ехо“ е композиторот Живоин Глишиќ, а на циклусот „Господови страдања“, Владимир Димовски. Приходот од влезниците ќе биде наменет за санација на опожарените конаци во манастирите „Трескавец“ и „Св. Јован Бигорски“.
Преминпортал (р.к./к.т.)
24-ти април, лето Господово 2013