Христос, радоста на сите, вистина, светлина,
живот и воскресение на светот, во Својата љубов се откри на оние на земјата и
Сам постана образец на нашето воскресение, дарувајќи им на сите божествено
проштение.
Утрена, Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Помирувањето со
непријателот го смилостивува Бога, го прави благонаклонет спрема нас и лесно не
избавува од гревот...
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Боже, Отче наш, читајќи ги зборовите
на љубениот Син Твој и Господ наш Исуса, „по плодовите нивни ќе ги познаете“, се
молиме: прими го нашиот скромен труд на христијански живот и христијанска љубов
и покажи ни го патот на Твојата љубов во сите наши дела, мали и големи. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 48, 17-22; 49, 1-4
Битие
27, 1-41
Соломонови Изреки 19, 16-25
Созерцание:
Вака вели Господ, твојот Искупител,
Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по
оној пат, по кој треба да одиш.
Исаија 48, 17
Подготви: А.Л
Икона на денот:
Преподобниот маченик Вадим
За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)