Спомен на преподобната мајка наша
Марија Египетска
Во тебе, мајко, верниот образ Божји засветли, земајќи го крстот и следејќи
Го Христа. Со делата си подучувала како се скротува телото, како минливо и да се
цени душата како бесмртна. Затоа и твојот дух, преподобна Марие, се радува со
ангелите.
Тропар
Почнувајќи ја ревносно, верни луѓе, шестата седмица од Чесниот пост,
подготвувајќи се за Цветници, да Му испееме песна на Господа, Кој славно во
силата на Божеството, во Ерусалим влегува, да ја погуби смртта. Побожно да ги
подготвиме гранчињата на добродетелите, како знамение на победа и да
воскликнеме: Осана на Творецот на сè!
Вечерна, петта недела од
Постот
Молитва:
Господи Исусе, ветив дека до крајот верно ќе
Ти служам. Помогни ми со Твојата благодат, да го одржам ова ветување. Прости ми
кога не успевам во тоа пред Тебе и биди ми секогаш близу, како мој Пријател и
Владика. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 9, 11-14
Свето
Евангелие по Марко 10, 32-45
Созерцание: Колку ли повеќе
крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја
очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински
Бог.
Послание до Евреите 9, 14
Од Верскиот календар
Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј
Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги
спомнува во своите Посланија. „Поздравете го", им пишува Павле на Римјаните,
„мојот роднина Иродион" (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ
Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по усните, го бодеа со
ножови. И кога го оставија како мртов, Свети Иродион стана и продолжи да им
служи на апостолите. Во Рим му помагаше на Св. апостол Петар. Го убија заедно со
многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар.
Свети Агав
имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва.
Прво, прорече голем глад по сиот свет, кое и се случи во времето на кесарот
Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за
Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси рацете и нозете,
велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас е ова вака ќе го врзат во
Ерусалим Евреите" (Дела 21, 11).
Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И
него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господ" (Рим.
16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска.
Свети Флегонт, кој се спомнува на
истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон.
Свети Ермиј спомнат
со останатите, беше епископ во Далмација.
Сите тие како пчели Христови го
разнесуваа медот на Евангелието по разни краишта, страдајќи многу за љубовта
Христова. Сите се преселија во вечното царство на љубениот Христос.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)